Македонија

Определен притвор за 20-годишното момче што ја уби својата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје попладнево достави Предлог за определување мерка притвор за 20-годишното момче од Драчево, за кое постои основано сомнение дека вчера ја лиши од живот неговата 66-годишна баба.

Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и опасност осомничениот да го повтори делото.

Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.

Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи и повеќе убодни рани со нож, од кои една засецна рана во пределот на вратот била смртоносна.

За потсетување, извршителот вчера сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан се уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток