На 11.12.2018 година во 12.00 часот во Скопје на улица „Козара“ непознато патничко моторно возило управувано од непознат возач (кое го напуштило местото на настанот), удрило во пешакот Л.Т.(83) од Скопје.
Л.Т. се здобила со тешки телесни повреди и укажана и е лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.