Коментари

Во цел свет се стеснуваат улици, кај нас се прошируваат – „На точак“ алармираат за безбедноста

Поширока улица не е побезбедна улица. Или правите побрза улица или правите побезбедна. Не може и двете. Ова е логичка грешка која многу често ја прават нашите донесувачи на одлуки во желба да ги промовираат новите проекти со сите можни позитивни епитети, и оние кои важат и оние кои не важат во случајот, велат од граѓанската иницијатива „На точак“.

„Во цел свет се стеснуваат улици за поголема безбедност, се прават пошироки тротоари, се воведуваат велосипедски ленти за да се стесни коловозот, се прават пошироки пешачки острови, се намалуваат радисуите на кривините, се прават закривувања на коловозот со зеленило (шикани), се прават издигнувања на коловозот (подигнати пешачки премини)…

Еве со обично гуглање safe streets design before after се добиваат обратни примери од нашите: http://bit.do/safestreetsbeforeafter

Апелираме општините и било кои институции кои се бават со сообраќај, доследно да се држат до своите цели. Ако целта била поголема брзина за возилата на улицата, ако целта била поддршка на автомобилскиот сообраќај на сметка на пешачкиот и зеленилото, нека се држат до таа цел и доследно да ја промовираат, без да ја мешаат безбедноста, а особено не безбедноста на ранливите, на пешаците. Како на пример на оваа улица ќе помине лице во инвалидска количка? Тротоарите се под секаков стандард. Не можат да се разминат ни 2 пешаци. Јасно е дека реконструкцијата ја немала за цел безбедноста. Општина КарпошStefan Bogoev Grad Skopje Петре Шилегов РСБСП
Безбедноста е сосем друго поле и бара сосем различни мерки од оние кои ги гледаме во Скопје.

Освен: поставување само знаци (без физички мерки) за Зона 30 во само 2 маала во Скопје (Дебар Маало и Карпош 4) и по некое монтажно издигнување минатиот месец (на ул. Козле) и 2 улици со велосипедски ленти на нив кои ги стеснија коловозните ленти (ул. Втора Македонска бригада и бул. Климент Охридски), за жал немаме видено сериозен проект за улица во насока на поголема безбедност, а уште помалку визија за безбедни улици, Визија за нула жртви (Vision Zero) на некоја општина или Градот“, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток