Четворица луѓе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга – Охрид.
Според информациите од МВР, несреќата се случила помеѓу автомобил „опел“, управуван од Е.М.(22) од Струга и автомобил „фиат“, управуван од Д.П.(49) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б.(18) од с.Поум, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.
