Свет

Аеродромот во Кабул се затвора на 48 часа

Аеродромот во Кабул ќе биде затворен 48 часа со цел да се евакуираат оние што се веќе на него, пренесува агенцијата Хама прес, повикувајќи се на американскиот Стејт департмент.

Во исто време, илјадници луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата, се собраа на влезот на аеродромот, пренесува РИА Новости.

Талибанците објавија дека имаат намера да ја подобрат ситуацијата во наредните часови и да ја олеснат постапката за полетување на авионот.

Со молскавична офанзива што ја преземаа по заминувањето на американската армија од Авганистан, Талибанците минатата недела официјално влегоа во главниот град Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата.

Пред тоа, последниот граничен премин падна во рацете на Талибанците. Претседателот на Авганистан поднесе оставка и ја напушти земјата, со цел, според него, да спречи крвопролевање. Беше организирана итна евакуација на дипломатите, а САД испратија дополнителни војници за да обезбедат безбедно излегување на своите дипломати од земјата.

На почеток