Македонија

Трагедија: Двајца Македонци се удавија во Албанија

Трагедија утрово на плажа во Албанија. Евидентирани се три случаи на жртви од давење во море.

Албанската телевизија А2Си-Ен-Ен објави дека едното лице е 59-годишник со иницијали Х.Х. кој се удавил на плажата во Велипоја.

Уште две лица се удавиле на плажата во Спиле. Полицијата информирала дека станува збор за две повозрасни лица М.М(79) и Ц.М(78) кои дошле на одмор од Македонија.

Како причина за давењето се сметаат високите бранови.

На почеток