Денеска во големата сала на Општина Кисела Вода од 11:00 до 15:00 часот ќе се одржи крводарителска акција на која граѓаните ќе можат да ја покажат хуманоста, да даруваат крв, да спасат нечиј живот.
Имено, оваа акција традиционално ја организираат Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвен крст- Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Локалната самоуправа ги повикува сите заинтересирани хумани граѓани кои се можност да се приклучат на акцијата.