Свет

Брисел и АстраЗенека постигнаа договор

Европската комисија и британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ денеска објавија дека постигнале договор за испораката на преостанатите дози од вакцината против ковид -19, и дека тужбата пред судот во Брисел е завршена.

Според договорот, „АстраЗенека“ треба да испорача 60 милиони дози од вакцината до крајот на третиот квартал годинава, 75 милиони до крајот на четвртиот квартал и 65 милиони до крајот на првиот квартал од 2022 година.

Европската комисија во април покрена тужба против „АстраЗенека“ поради доцнење во испораката на вакцината и непочитување на договорот.

Европската комисија објави дека, според новиот договор, членовите ќе добијат план за испорака и, доколку има одложувања, попустот ќе биде ограничен.

 

На почеток