Додека болните од коронавирус се борат за трошка воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и без никаква заштита, во потрага по своите најблиски. Други, пак, им даваат поддршка на најблиските седнати покрај нивните кревети во скафандери, пренесува Дојче веле.
Десетици ковид-пациенти се лекуваат во болницата која изминативе недели ги живее најдраматични денови од почетокот на пандемијата. Напливот на пациенти е огромен, а билтените секојдневно информираат за нови починати. Арбнора Мемети, репортерката на Дојче Веле, во болницата затекна и сними драматична состојба и хаотични сцени.
Инциденцата на новозаразени од коронавирус во Тетово е меѓу највисоките во земјата: заклучно со 29 август, таа далеку надминувала 700 луѓе на 100.000 жители. Во истовреме, стапката на вакцинација на граѓаните во Тетово е меѓу најниските во земјата со 37 отсто опфат на лица над 18 години.
Погледнете ја состојбата во болницата во Тетово на следниот ЛИНК.