Првиот обид на приватната компанија „Фајрфлај аероспејс“ да лансира ракета во орбитата заврши со експлозија.
Имено, ракетата наречена „Алфа“ експлодира неколку минути по лансирањето.
„’Алфа’ забележа аномалија во првата фаза од лансирањето, што резултира со губење на ракетата“, објави компанијата на „Твитер“.
На снимката се гледа како ракетата експлодира две и пол минути по лансирањето од Калифорнија.
Претходниот обид за лансирање беше прекинат само неколку секунди пред лансирањето од необјаснети технички причини, пренесува „Скај њуз“.
Пред да експлодира на ракетата ѝ требало двојно повеќе време од очекуваното за да достигне брзина на звукот.
„Алфа“ требало да достигне брзина на звукот 67 секунди по лансирањето, но ја достигнала дури по 140 секунди. Експлодирала 10 секунди подоцна.