„Во последно време не се полнат болниците како што беше и тоа е добро. Интерните одделенија се подготвени, иако веќе има пациенти“, изјави денес Филипче.
Филипче кажа дека ниту тој, ниту некој друг во Светот не кажал дека вакцината целосно штити, туку дека штити од сериозна тешка форма на болеста.
Тој рече дека трендот на вакциниранње во нашата земја се одвива со добра динамика.
„Во државата со вчерашниот ден се вакцинирани со прва доза околу 740 илјади граѓани. Секојдневно имаме над 13-14 илјади аплицирани вакцини. Ако со овој тренд продолжи ќе биде добро. Над 43 години се вакцинирани вкупно 54% од населението. Точно знаеме како се лекуваат сите пациенти и сите се лекуваат по протоколи, и со модерни лекови. Најголем број од пациентите во болниците се невакцинирани, и тоа е проблемот. Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети.“, изјави министерот.