По судар меѓу три возила едно лице го загуби животот. Неофицијално повеќе од пет лица се повредени во сообраќајката во близина на Стража на патот кон Кичево.
На терен има неколку болнички возила, сообраќајот е целосно закочен а први интервенираа взозачите од другите автомобили кои се затекнаа на местото моментот на сообрќајката.
Според првичните информации едно од причините за несреќата е неприлагодената брзина со која се движеле возилата иако тој дел од патот има остри кривини и непрегледност.
Полцијата е на терен повеќе ионформации се очекуваат од МВР во текот на деност како и детали за лицето кое загина.