Политичката партија Левица синоќа го објави својот кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Се работи за Александар Димитријевиќ, дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, кој поседува и своја адвокатска канцеларија.
Неговата борба, како што велат од Левица, е насочена кон развој на општината во законски контролирана средина за градење и справување со инфраструктурните проблеми со кои се соочува во моментот, нови еколошки решенија за подобар квалитет на почвата, воздухот и животната средина, поголем економски развој и вработување на жителите на Ѓорче Петров.