Свет

ДРАМА ВО ТУРЦИЈА – Девојче рипна од прозор: Сакаат да ме продадат

Од Турција доаѓа драматично видео, на кое се гледа како девојка скока од прозорецот на зграда, откако наводно била киднапирана и мачена.

На видеото се гледа како нејзините нозе висат од високиот прозорец, пред да скокне од зграда во турскиот град Анталија.

Девојчето, кое локалните медиуми го идентификуваа како Сирин Н. Е. (19), удрило во паркирано возило пред да падне на тротоарот, додека шокирани локални жители притрчале да и помогнат, пренесува Дејли Меил.

Пред да скокне, минувачите, кои не сфатиле веднаш дека наводно е во животна опасност, се обиделе да ја убедат да влезе внатре и повикале полиција. Наводно, девојката викала за помош, пред да скокне од прозорецот.

Сирин го преживеа падот, но беше тешко повреден и пренесен во болница.

Таа тврди дека мажите од Иран ја „киднапирале и мачеле“, додавајќи дека „сакаат да ја продадат“.

Еден од сведоците рече дека викала од прозорецот дека „сака да умре“.

– Мислам дека скокна од страв, рече дека ја мачеле и побарале помош – додаде сведокот.

Истрагата е во тек и моменталната состојба не е позната, додава Дејли Меил.

На почеток