Во манастирот Цетиње започна устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски, Јоаникије.
Церемонијата на устоличување, која беше закажана за 8 часот, започна со задоцнување, додека во градот и натаму е хаос.
Поради немирите, автобуси со свештеници од СПЦ кои тргнале кон Цетинскиот манастир се вратиле кон Подгорица. Српскиот патријарх Профириј, заедно со митрополитот Јоаникиј, пак, со хеликоптер веќе пристигнаа во манастирот.
Судирите меѓу полицијата и демонстрантите, кои се противат на устоличувањето, продолжија утрово на Цетиње. Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења и молотови коктели, а таа возврати со солзавец.
Групата демонстранти бара устоличувањето да се одржи на друго место, а не во Цетинскиот манастир.
Тензичните протести започнаа вчера, каде во центарот на Цетиње беше пробиена заштитната ограда која беше поставена за да ги спречи демонстрантите да се доближат до манастирот, а потоа со барикади беа блокирани и влезовите кон градот.