Магазин

Марко пливаше од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести

Тринаесетгодишниот пливач од Охрид, Марко Пејчиноски, исплива од Охрид до Струга и назад за 9 часа и 6 минути.

Маратонската релација Марко ја исплива во знак на поддршка за децата со ретки болести.

„Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути. Ви благодариме на поддршката“, објави фејсбук-страницата на Пејчиноски.

На почеток