Скопје

(ВИДЕО) Ќе ве расплаче: Под прозор на Клиника, им пееја на децата на хематологија во Скопје

Светилки од мобилни телефони ги изненадија синоќа децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје. Новинарката Бранка Костиќ Марковиќ на социјалните мрежи објави видео снимено пред Клиниката за детски болести во Скопје. На видеото може да се забележат група луѓе составени од средношколци, родители на деца кои победиле канцер, како и други граѓани, кои им пееа на децата од хематологија.

„Пеевме за дечињата од хематологија. Секоја сабота во 20 часот ќе има пеење. Ти честитам Marija Tasev за иницијативата и честа вака граѓански да се вклучиме во една хумана мисија ❤ Го снимив видеото единствено за да знаете дека и вие некоја сабота можете да им ја развеселите вечерта на овие деца кои цела година немаат излезено од клиниката. Вечерва имаше средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани како нас што едноставно сакаме да развеселуваме детски срца“, стои во описот на видеото.

На почеток