Свет

Голтнал Нокиа 3310, се пожалил по четири дена

Четири дена, маж од Косово шетал со Нокиа 3310 во стомакот пред да му помогнат да се ослободи од него.

33-годишникот дошол во болница во Приштина, жалејќи се на болки во стомакот. Рентгенот ја покажал Nokia 3310, класичен модел од раните 2000-ти. Тоа е неуништлив мобилен телефон, од времето пред паметните телефони. Стариот мобилен телефон бил преголем за да се свари и го загрозувал животот на пациентот бидејќи киселината од батеријата е многу опасна за телото доколку истече.

Хирургот Скендер Телаку го водел медицинскиот тим во болницата во Приштина, кој ја отстранил Нокијата од телото на несреќниот маж, која во стомакот му била четири дена. Лекарот ја споделил снимката на Фејсбук. Успеале да го отстранат мобилниот телефон со ендоскопија, без да го исечат желудникот. Ендоскопија е метод со кој се вршат прегледи и помали интервенции со инструмент што влегува во телото преку уста.

Немало компликации, вели докторот.

На почеток