Скопје

(ФОТО) Празно на прославата за независноста

Денес во 17:15 часот започна церемонијата по повод 30 години од Денот на независноста на Република Македонија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од настанот на кои може да се забележи дека посетеноста е многу мала. Столчињата кои се поставени пред собранието и пред градската болница „Св. Наум Охридски“, се полу празни.

Од Владата претходно најавија дека настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи, а оние кои ќе сакаат да присуствуваат на истата мораат претходно да се регристрираат.

На почеток