Македонија

Познат последниот кандидат за градоначалник на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го предложи актуелниот градоначалник на Кочани, Николчо Илиев за нов мандат во оваа општина и со тоа владеачката партија ја комплетираме  понудата од 69 кандидати за градоначалници.

„Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илиев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори“, објави СДСМ.

Претходно претседателот на СДСМ, премиеорт Зоран Заев, рече дека кандидатот ќе биде објавен на денот на самиот национален празник затоа што така сакало партиското членство во Кочани.

На почеток