Докторката Жаклина Шопова вели дека одговор не е потребен за причината за пожарот во тетовската болница, туку уште вечерва да си отидат надлежните од своите функции.
„Модуларни болници изградени без спазување на стандарди!!!
Како ДСЗИ дозволи да се пуштат во употреба!???
Каде се задолжителните обуки за брза евакуација на пациентите и вработените во здравство!???
Колку жртви има од твојата неспособност Филипче и неспособноста на целата Влада???
ОДГОВОР НЕ Е ПОТРЕБЕН : УШТЕ ВЕЧЕРВА ДА СИ ОДИТЕ !!!
Сочувство до сите семејства кои вечерва имаат огромна загуба!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
