Македонија

ФОТО: Ужасна глетка во пеплосаниот ковид центар, остатоците говорат за хоророт

Пеплосани болнички кревети, поцрнети ѕидови, уништени бараки, оштетени автомобили. Ваква е сликата утрово на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, објави ТВ21.

Таму беа присутни лица кои вршат увид на местото на несреќата и ги бараат причините за пожарот, а јавни обвинители ги сослушуваа вработените во модуларната болница..

Бројот на преживеани пациенти е 12 и сите се хоспитализирани во болницата во Тетово.

Според првичните официјални информации од Министерството за здравство  дека досега има 14 починати, но неофицијално, таа бројка е повисока.

На почеток