Македонија

Не гледавме дали вадиме живи или мртви луѓе, потресно сведоштво на командирот на противпожарната Алити

Командирот на тетовските пожарникари, Ука Алити, вели дека во вчерашниот пожар е повреден еден пожарникар а четворица вдишале чад. Пожарникарите голема помош во гаснењето на пожарот добиле од граѓаните и од лекарите. Во тие моменти, додаде тој, не гледале и не мислеле дали вадат живи или мртви луѓе.

– Првата интервенција беше од внатрешната страна на болницата, а потоа моите колеги забележале дека мора да се интервенира и од другата страна. Тука требаше да се гасне пожарот, а истовремено и да се изврши евакуација на пациентите. Пожарот беше толку многу голем и постоеше ризик огнот да се прошири и кај другите објекти во близина. Но, ние дадовме сè од себе и спречивме поголема штета. Нашата цел беше да извадиме што е можно повеќе луѓе од опожарениот објект, но треба да нагласам дека и многу од граѓаните и од лекарите ни дадоа голема помош за да ги евакуираме луѓето што беа во модуларниот центар. Имаше експлозија на боца, а во интервенцијата полесно е повреден само еден пожарникар, а четворица вдишале чад, – рече Алити во изјава за медиумите.

На почеток