Тетовчанката Јована К. за „Слободен печат“ раскажува дека нејзината сестра и нејзиниот татко, кој бил хоспитализиран со ковид во модуларната болница која изгоре синоќа, последни низ прозорец се спасиле од пламените јазици кои жестоко го зафатија овој ковид центар. Во пожарот, животот го загубија 14 лица, а уште 12 се повредени.
– Пожарот почна од собата веднаш до таа кај што лежеше татко ми. Сестра ми постојано плаче и е многу вознемирена. Таа беше со татко ми како придружба во модуларната болница во Тетово. Во модуларната болница при прием на ковид пациент ни кажаа да оставиме еден член од семејството како придружба, бидејќи нема доволно персонал. Во овој случај беше од помош, зашто тие што се спасија, се спасија благодарение на придружбата. Слушнав и дека имало мајка и ќерка кои изгореле затоа што ќерката не сакала да ја остави мајка си и изгореле заедно, ја почнува Јована својата приказна.
Повеќе на линкот: Слободен печат
