Македонија

Пендаровски: Инсистирам секогаш да има одговорност, но не знам дали сега постои основ за тоа

Претседателот Стево Пендаровски во посета на тетовската болница изјави дека пожарот не е подметнат.

„Имаме доволно стручни кадри и за кратко време ќе ја дознаеме причината. Имаше шпекулации дека е можеби подметнат пожарот, до овој момент нема индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друг полтичка цел. Повикани се роднини на тие што лежеле во болницата, со цел полесно да се идентификуваат лицата. Граѓани се обидувале преку прозор да ги извечат заразените, но немам информација дали претходно лица од надвор биле во болницата“,“, вели тој.

На прашањето дали треба да има одговорност од надлежните тој вели дека не знае дали има основ за некаква одговорност.

„Инсистирам секогаш да има одговорност и морална и политичка и субјективна и објективна, но не можам да твордам во овој момент бидејки не знам дали постои основ за таква одговорност. Ние како држава мора да направиме темелна истрага за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива“, вели Пендаровски.

На почеток