Скопје

Над 100 дрва ќе се сечат во Аеродром, реагираат од иницијативата Зелен хуман град

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ алармираат дека надлежните планираат сечење на голема количина на зеленило во скопски Аеродром.

-Обележани се за сечење над 100 дрвја во Аеродром кај Воен базен за проширување на улица, ни испратија порака жители на Аеродром. Бетонизацијата на градот е во полн ек и се создаваат услови за сè поголемо загадување. Температурите во лето стануваат сè понеподносливи и младите дрвца што ги садат не успеваат. Ова не смее да се дозволи, порачаа од ЗХГ.

На почеток