Македонија

Дијагнозата на Кичеец не е животозагрозувачка, велат кардиолозите

Зоран Милески-Кичеец, во моментот е во 30-дневен притвор во скопскиот затвор Шутка  поради учество со сообраќајка со смртни последици

Тој претходно ја издржуваше затворкската казна за случајот „Рекет“, а на 10 август бил пуштен надвор од затворот. Поради лошата здравствена состојба и проблеми со срцето тој имал прекин во издржувањето на казната во КПД од отворен вид во Струга.

Како што беше наведено во соопштението од Управата за извршување на санкции, тој требало да направи испитувања за суправентикуларна тахикардија.

„Фокус“ поразговара со неколку кардиолози на оваа тема, кои сакаа да останат анонимни, но кои ни раскажаа дека со ваква дијагноза тој не се наоѓал во живототзагрозувачка состојба.

„Тоа е дијагноза е општа и не е животозагрозувачка. Може да се направат испитувања за неколку денови, но може и за две, три недели во зависност од тоа каде се прават испитувањата. Факт е дека не е опасна – објаснува нашиот соговорник.

Целиот текст можете да го прочитатена Фокус.мк

На почеток