Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекусори,, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје.На него, одредена му е мерка притвор од 30 дена.
При претрес извршен на 04.09.2021 година, во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани, општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението Канабис како и 5 стебла насадени во пластични саксии.