Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 133 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 41 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.