Свет

Катастрофа во Пакистан: Монсунските дождови однесоа најмалку 17 животи

Најмалку 17 лица загинаа во монсунските дождови и лизгање на земјиштето што ја погодија областа во северозападен Пакистан рано утрово, соопшти локалната полиција.

Полицаецот Мохамед Наваз изјави дека 11 тела се извадени од калта и урнатините во областа Тор Гар, а спасувачите ги бараат преостанатите жртви, меѓу кои има жени и деца, пренесе Ројтерс.

Наваз рече дека три куќи по ред се целосно уништени во едно село, додека другите села се помалку погодени.

Властите во градот Аботабад соопштија дека при лизгање на земјиштето во предградијата загинаа брачна двојка и нивното дете, а тројца други се повредени.

На почеток