Магазин

„Стадо“ – изложба на Dreadpen и Ања Калин вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во МКЦ (Галерија 2) ќе се отвори „Стадо“ – изложба на Давид Ристевски – Dreadpen и Ања Калин.

Во фокусот на оваа изложба се токму секојдневните проблеми и негативните општествени појави, како и барањето начин да се поттикне нивното решавање. Фотографиите зборуваат за неправдата, бездомништвото, климатските промени, лошото образование, половата (не)еднаквост, дискриминацијата, булингот…

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени фотографии од нашето поднебје, кои ќе ги опфатат горенаведените проблеми и негативни општествени појави, но и ќе ги претстават на еден поширок, глобален план. На истите фотографии ќе бидат застапени и илустрирани елементи, кои ќе го потенцираат односниот проблем и ќе го надополнат неговото значење. Покрај комбинацијата на фотографии и илустрации, во склоп на изложбата ќе биде направена статуа на овца со големина 2×1 м2, што ќе биде своевидна синтеза на целата изложба. На нејзината површина креативно ќе бидат претставени (испишани и исцртани) сите теми претставени на фотографиите, во графити/стрит-арт стил. Проблемот е во сите нас, сите сме причинители и сите сме вклучени во неговото решавање. Не треба да се чекаме, мораме да почнеме да го решаваме ВЕДНАШ.

На почеток