Свет

Авганистанките може да студираат, но под еден услов

Талибанците потврдија дека на жените во Авганистан ќе им биде дозволено да студираат на универзитети, притоа почитувајќи едно правило.

Министерот за високо образование во новата талибанска влада, Абдул Баки Хакани, изјави дека жените можат да учат на универзитети, вклучително и постдипломски студии, но дека ќе седат во училници одделно од мажите и дека исламските носии се задолжителни.

Тој на прес -конференција ги претстави новите правила во образовниот сектор, неколку дена откако талибанците формираа нова влада, составена исклучиво од мажи, пренесе АП.

Хакани додаде дека од студентките ќе се бара да носат хиџаб, но не образложи дали ќе биде задолжително носење превез преку лицето.

На почеток