Македонија

Апасиев до ДИК: Имате ли обуки, како од Марс да сте паднале

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев се огласи на Фејсбук во врска со поднесувањето на листите за кандидати за советници и градоначалници.

Тотален ХАОС при поднесување на листите за кандидати за советници и градоначалници:
– секоја Општинска изборна комисија низ Македонија различно си го толкува Упатството за пополнување од ДИК (па така имате ситуација каде една листа поминува, а кај друга исто пополнета листа – тоа што не било проблем, станува „проблем“ и ти ја враќаат);
– судовите не работеле за викенд, па нема кој да ги провери кривичните досиеја на кандидатите, иако течат законските рокови за потврдување или корекции;
– по два пати ти ги бараат истите документи, иако веќе еднаш си ги депонирал во централата на ДИК;
– ти бараат документи кои не треба да ти ги бараат;
– ти бараат нотарски заверки, иако не треба;
– некој ОИК имаат дежурства, некои работат до 16:00 ч.;
– членовите на ОИК изиграваат графолошки вештаци, па споредуваат потписи од л.к. дали биле исти со потписите на изјавите…!?
Добро бе, имате ли ОБУКИ таму во Државна изборна комисија пред избори. За да не се бламирате вака!? Живи бруки сте, мајке ми. Коо први избори да ви се, па од Марс да сте паднале.

На почеток