Македонија

Утре седница на Советот за безбедност – ќе се разговара за бегалците од Авганистан

Во Кабинетот на претседателот утре напладне ќе се одржи 13-та седница на Советот за безбедност.

Покрај членовите на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

На почеток