Свет

Гренел: Граѓаните на Балканот заслужуваат американски претседател кој мисли на нив

Претставникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, оцени дека граѓаните на Балканот заслужуваат американски претседател кој им обрнува внимание.

Гренел напиша на Твитер дека големиот неуспех на тимот на актуелниот претседател Џозеф Бајден ги занемари резултатите што ги постигна администрацијата на Трамп на Балканот.

Гренел сподели и видео порака објавена на каналот Јутјуб на Американскиот центар за право и правда, чиј виш советник е, во која потсети дека Доналд Трамп ги донесе претставниците на Белград и Приштина во Овалната соба во септември 2020 година, но дека администрацијата на Бајден ја пропушти можноста што беше дадена од Трамп.

Тој изјави дека таа обврска завршила во септември годинава и за тоа ја обвини администрацијата на сегашниот претседател Бајден.

Гренел верува дека сегашната американска администрација не се ни обиде да го продолжи „тој момент од договорот, кога двете страни се согласија дека ќе се обидат да најдат заедничка основа за да напредуваат“.

Видео пораката содржи фотографии од средбите што Гренел ги имаше со претставниците на Белград и Приштина, како и од потпишувањето на договорот од Вашингтон во Белата куќа.

На почеток