Македонија

(ВИДЕО) „Браќа Манаки“ започна со драма, активисти на „Левица“ легнаа на црвениот килим за да ги газат

Активисти на Левица од Битола, легнаа на црвениот килим на свеченото отварање на 42 издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”.

„На ваков начин на мирољубив начин во нетипичен стил испратија порака до локалните политичари и оние од главниот град, кои за Битола се сеќаваат само во предизборни кампањи и тогаш кога треба да се фотографираат. Легнувајќи на гламурозниот црвен тепих им порачаа на гостите слободно да газат и минуваат преку нив, затоа што како битолчани навикнати сме веќе 30 години да нè газат без око да ни трепне, стои во објавата на Левица од Битола

Двајцата припадници на Левица по кратко беа отстранети од црвениот тепих.

На почеток