Денеска (18.09.) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 116 возачи. 18 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над дозволеното.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
116 возачи казнети на автопатот Куманово-Скопје-Велес
Од
Објавено на