Магазин

Дали си проститутка?! Водителка ја шокираше Џенифер Анистон

Џенифер Анистон беше непријатно изненадена за време на интервјуто во емисијата „Ова утро“, бидејќи мислеше дека водителката Џоси Гибсон ја праша дали е проститутка.

Шкотскиот акцент на водителката беше проблем за актерката, што го отежнуваше разбирањето на некои прашања.

Прашањето што предизвика најмногу проблеми беше „Are you a hugger“, што значи „Дали си гушкач“, но Џенифер наслушна како водителката да рече „hooker“, што значи „проститутка“.

Водителката наскоро појасни што всушност праша, но веќе беше доцна. Рис Витерспун, која исто така беше вклучена во разговорот, не можеше да престане да се смее.

 

На почеток