Вчера се одржа втората вечер од 36-то издание на „Макфест“. Водители беа Ведрана Ѓорѓевиќ и Миро Кацаров, од емисијата „Голден карпет“. Но твитерџиите беше разочарани од нив, па веднаш реагираа.
Дај бе земете го овој Миро и затворете го у подрум дур не заврши Макфест!
— Ишарет (@isharet84) September 18, 2021
мумија мода на макфест
— terSЕ🇲🇰ne🇺🇸 (@ne_ters) September 18, 2021
Водителкава на Макфест облечена ко тоалет ролна
— The Thing (@I_TheThing) September 18, 2021
Ние пред зграда кога си игравме водители поозбилни бевме и по профи некако. Оти бе се заебаваат со Макфест? После 36 години фестивалиште, тезга пазарџиска направија.
— Mark (@mark_cornet) September 18, 2021
Водителката на Макфест Ведрана како во завој замотана, шо е работата со фустанот?
Мумија?
Или јас сум назад со модата 🥺— 🔅11:11🔅 (@spiritualganja) September 18, 2021
Карактеристики на втората вечер на #Макфест. Водителот е арогантен и без дикција, Ведрана е со погрешна боја на пудра и пак тон мајсторот или е заспан или и него му е дебитантска оваа година…
— Blogaj Kasparov 🌍 (@kapsarovb) September 18, 2021
#Макфест бисери
Интервали: "Во 1986та првпат учествувавме на Макфест."
Водителот: "Јас во 1986 првпат сум се родил во животот."
🤦♂️— Bozidar Spirovski (@spirovskib) September 18, 2021
Од хуморот на водителот на Макфест умираат сиви ќелии во поширок радиус
— Ellie (@peseva) September 18, 2021
Ведрана вечерва на #макфест pic.twitter.com/9RPsWLihoR
— Таска Балабанова / Жител на Северна Македонија (@TaskaBalabanova) September 18, 2021
Се надевам дека веќе никогаш нема да го видам и слушам овој водителски пар на Макфест. Реномето на фестивалот отиде низ вода.
У Ж А С Н О.— Цветот (@ZeFlowah) September 18, 2021
Замислете Македонија да треба да организира Евровизија 😂😂😂😂😂 цел свет ќе ни се смее#макфест
— гејмер (@analavenger_exe) September 18, 2021
после толку години, макфест го достигна левелот на патронат
— Тантара Пантара (@TantaraPantara) September 18, 2021
Видов некое интервју после настапите и само ќе речам памтам кога Макфест и МТВ имаа критериум за водител(и).
— Velma Kelly (@TheKate_Rina) September 18, 2021
Туѓ срам ме "јаде" слушајќи ги "водителите" на МакФест.
Абе оди води си таму трачарска емисија и уживај.
Ужас! Огромен пропуст.
Вера е сто класи над овие. Мислам, нема споредба, џабе ќе пишувам.— Емотивната (@L2dy_1n_r3d) September 18, 2021
Која мизерија се „водителиве“ на Макфест. Кај неписмени па и некултурни.
— Spacerwoman (@spacerwomann) September 18, 2021