Промени тема
Контакт

ПУЛС

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Даночни контролори од Управата за јавни приходи (УЈП) се обвинети дека примале подароци, меѓу кои очила и рачен часовник, за однапред да откриваат кога ќе се вршат ненајавени контроли во дискотеката „Пулс“ во Кочани и во други поврзани фирми. Според Обвинителството, дел од службениците прикривале даночни неправилности, не евидентирале незаконски промет и фалсификувале службени извештаи, со што овозможувале фирмите да избегнат плаќање глоби.Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен

Свет | пред 22 часа

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето на деветтемина полициски службеници обвинети за злоупотреби поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште одбраната ги образложуваше своите доказни предлози, меѓу кои се 16 документи и осум сведоци.Адвокатот Бранко Колев, бранител на обвинетиот Боби Гидиоски, го предложи и сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов – Деко, за сведок. Тој треба да се изјасни за наводите на обвинителството дека на Јованов му била овозможена имотна

Македонија | пред 1 ден

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Здружението на родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани изрази јавна поддршка за Јавното обвинителство и неговото постапување на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица. Родителите особено го поздравуваат начинот на кој обвинителството го испрашувало вештакот Петре Русевски на претходното судско рочиште, оценувајќи дека преку вкрстените прашања биле откриени сериозни противречности во неговиот исказ.„63 згаснати животи. 63 ангели. 63 причини ви

Македонија | пред 6 дена

media-librarytcckb61h292c8J4Zmw4

Клековски се сретна со повредените во „Пулс“, најавена долгорочна здравствена грижа

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа во Кочани разговарал со повредените во пожарот во „Пулс“ за нивната здравствена состојба и за понатамошната грижа и лекување што им се потребни по трагедијата од минатата година.Клековски за средбата информираше преку својот официјален профил на Фејсбук, посочувајќи дека државата е подготвена да им помага на повредените и во подолг временски период.На разговорот присуствувале и д-р Катерина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, членки на работната група

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Вештакот на одбраната за „Пулс“ тврди дека објектот ги исполнувал основните минимални технички услови за угостителска дејност – кабаре

Вкрстеното испитување на градежниот вештак Петре Русески, ангажиран од одбраната во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, продолжи со прашања од Обвинителството за неговите претходни ангажмани и за опсегот на изготвеното вештачење. Русески изјави дека не гледа причина за негово изземање и остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговарал на својата намена.Обвинителката Наташа Сарамандова го праша дали смета дека постојат причини за негово изземање, посочувајќи дек

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Двајца или тројца луѓе биле потребни за да се извлече едно лице од дискотеката, сведочеше пожарникар за трагедијата во „Пулс“

Спасувањето на заглавените лица во дискотеката „Пулс“ во Кочани ноќта на трагичниот пожар било исклучително тешко поради големиот број луѓе натрупани пред влезот. Во некои случаи биле потребни двајца, па дури и тројца спасувачи за да извлечат едно лице, сведочеше пожарникарот Благојчо Паунов на судско рочиште против 13 полициски раководители и старешини обвинети за безбедносни пропусти поврзани со трагедијата во која загинаа 63 лица.Паунов, кој бил дежурен во Територијалната противпожарна единиц

Македонија | пред 1 седмица

IMG_5515

„И Бурџ Калифа ќе испадне занаетчиска работа!“ – родителите на загинатите во „Пулс“ револтирани од вештачењето претставено во судот

„Челични столбови, метални конзоли, зајакнување на меѓукатната конструкција, промена на фасада и дополнителни метални степеници на влезот – но реконструкција немало, сето тоа биле занаетчиски работи!“ Со ваква реакција родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласија по денешното судско рочиште, револтирани од она што, според нив, било изнесено во судницата од вештото лице ангажирано од првообвинетиот.Родителите го оспоруваат толкувањето според кое градежните интер

Македонија | пред 1 седмица

IMG_5572

„Концертот требало да биде спречен!“ – родителите на жртвите од „Пулс“ со жестока реакција

„Што требало да направи полицијата таа вечер?“ – со ова прашање родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани реагираа по рочиштето во Кривичниот суд, барајќи одговорност за непреземањето навремени мерки со кои, според нив, можела да се спречи трагедијата во која загинаа 63 лица, а 218 беа повредени.Родителите посочуваат дека дискотеката немала законска документација за работа и за одржување концерт, поради што сметаат дека настанот требало да биде спречен уште пред да запо

Македонија | пред 2 седмици

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ по барањето на одбраната за супервештачење: Како вештак што не може да одговори на сите прашања ќе го оспори целото вештачење

Барањето на одбраната за супервештачење во судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани предизвика реакција кај родителите на загинатите. Тие бараат да се разгледа обемот на вештачењата, како и стручната надлежност на лицата кои дале мислења во постапката.Родителите посочуваат дека вештакот ангажиран од одбраната се изјаснувал од градежен аспект, но според нив, од неговите одговори произлегува дека не може да даде мислење за сите прашања опфатени во вештачењето на обвинителство

Македонија | пред 2 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Прекинато е рочиштето за „Пулс“ откако на еден адвокат му се слошило

Денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е во прекин откако на еден од адвокатите во судницата му се слошило.Адвокатот бил упатен на преглед во Брзата помош, по што судењето било прекинато. Паузата трае повеќе од 40 минути, а засега нема информација во кој момент рочиштето ќе продолжи.Прекинот предизвикал незадоволство кај родителите на жртвите, кои реагираат дека со ваквите прекини дополнително се одолжува судскиот процес.Судот засега нема соопштено кога ќе продолжи денеш

Македонија | пред 2 седмици

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Професорот по право Гордан Калајџиев реагира на отворањето нова истрага против сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, непосредно пред истекувањето на законскиот рок за неговиот притвор во предметот за пожарот во Кочани. Според Калајџиев, доколку новата истрага е отворена вештачки само за да се овозможи продолжување на лишувањето од слобода, станува збор за злоупотреба на правото.„Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинители

Коментари | пред 3 седмици

media-library2v26j2tv6tku5oaxWlH

„Новиот притвор на Деко нема да ги смени работите“: Туфегџиќ вели дека судењето за „Пулс“ ќе биде долг и болен процес, предлага раздвојување на постапката

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе биде долг и болен процес, пред сè поради, како што оценува поранешниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ, погрешната поставеност на теоријата на случајот во поднесеното обвинение.Туфегџиќ смета дека новиот 30-дневен притвор определен за Дејан Јованов нема да влијае врз брзината на судската постапка за пожарот, ниту ќе придонесе за побрзо и праведно решение.„Судењето за кочанската трагедија ќе биде долг и болен процес, пред сè поради пог

Коментари | пред 3 седмици

media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Адвокатката на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“, Ивана Коцевска, реагираше на новата истрага и повторното определување притвор за нејзиниот клиент, оценувајќи дека одлуката на Обвинителството била однапред подготвена.Коцевска рече дека не е изненадена од одлуката, но дека е вознемирена од тоа што новата истрага е отворена непосредно пред истекот на законскиот рок во кој Јованов можеше да остане во притвор.„Не сум изненадена, но сум вознемирена. Сметам дека ова е конструкц

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Основниот кривичен суд Скопје определи нова мерка притвор во траење од 30 дена за Д.Ј. од Кочани, првообвинет во предметот „Пулс“, по предлог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Судијата на претходна постапка, по произнесувањето на осомничениот во присуство на неговиот бранител и по разгледувањето на фактите и доказите приложени кон предлогот, го прифатил барањето за определување притвор.Како причини се наведени опасноста осомничениот да се даде во бегство, как

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и му определи 30-дневен притвор на газдата на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко од Кочани, осомничен за давање поткуп на службено лице во Министерството за економија со цел да обезбеди лиценца за работа на угостителскиот објект „Пулс“.Против Јованов е отворена нова истражна постапка за кривичното дело „Давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, тој на службено лице му дал поткуп за да преземе службено дејствие што не см

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко понудил шупи, плевна и имот како гаранција дека нема да избега, дел не може ни да биде под хипотека - судот треба да одбие, вели обвинителот

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката "Пулс" во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се одбие предлогот за определување на гаранција, поднесен од обвинетиот Дејан Јованов од Кочани како неоснован.Со предлогот се бараше од судот спрема обвинетиот да биде определена мерка гаранција во вкупен износ од 195.820 евра во денарска противвредност од 12.042.932 денари, а која гаранција се состои во ставање хипотека на недвижен имот.Меѓутоа, споре

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Ако го одбијат притворот за Деко, излегуваме на протести, порача мајката на загинатиот Матеј од Пулс во пресрет на рочиштето од 10 часот

Јасна Марковска, мајка на загинатиот Матеј во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави протести доколку Основниот кривичен суд Скопје денес не го прифати предлогот на Обвинителството за определување притвор на Дејан Јованов-Деко.„Доколку Кривичен го одбие предлогот за притвор на ‘човекот’ кој во една ноќ однесе во гроб повеќе деца отколку во било која војна во историјата на оваа земја, излегуваме на протести!“, порача Марковска.Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција от

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Детали: Газда Деко сега го „тресат“ и за поткуп со кој добил лиценца за „Пулс“

Дејан Јованов-Деко е осомничен дека дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да добие лиценца за работа на „Пулс“, без воопшто да поднесе барање и иако знаел дека објектот не ги исполнува законските услови, соопшти Обвинителството откако „Скопје1“ објави дека против сопственикот на дискотеката е отворена нова истрага и се бара нов притвор.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Кривичен ја потврди информацијата на „Скопје1“: Утре се одлучува за новите мерки за газдата на „Пулс“

Основниот кривичен суд Скопје ја потврди информацијата што претходно ја објави „Скопје1“ дека до Судот е доставен нов предлог за определување мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов-Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој веќе се наоѓа во притвор во предметот за пожарот во кој загинаа 63 лица.Од Кривичниот суд за „Скопје1“ велат дека предлогот од Обвинителството пристигнал доцна попладнево и дека по него ќе се постапува утре.„Доцна попладнево до Судот од Обвинителств

Македонија | пред 3 седмици

media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

Нов предмет и барање за притвор стигна за газда Деко, на еден ден пред да биде пуштен од зад решетки

Нова истрага е отворена против Дејан Јованов-Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожарот загинаа 63 лица, дознава „Скопје1“. Истовремено, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара Јованов повторно да биде ставен во притвор, овојпат во рамки на новиот предмет.Информацијата за „Скопје1“ ја потврди неговата адвокатка Ивана Коцевска, која добила покана утре во 10 часот да се појави пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Пред

Македонија | пред 3 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Родителите реагираа на исказот на вештакот за „Пулс“, па беа отстранети од судницата

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше вештакот од областа на градежништвото Петре Русески, кој бил предложен од одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко.Русески изјави дека Јованов, како закупец на просторот, не презел градежни активности што би можеле да се именуваат како реконструкција, туку извршил градежно-занаетчиски работи за ентериерно уредување на просторот за потребите на дејноста. Според него, станувало збор за работи од лесен обем, кои не биле

Македонија | пред 3 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

„Без вас можеме“: Судијката ги отстрани родителите од рочиштето за „Пулс“, тие ѝ возвратија дека не можат без своите деца

Тензично е денешното рочиште за случајот „Пулс“, откако родителите на загинатите деца реагирале на прашањата на одбраната и на сведочењето на техничкиот советник ангажиран од одбраната.Судијката Дијана Груевска Илиевска, по гласните дофрлања од родителите, им рекла: „Без вас во судницава можеме, а без обвинетите и адвокатите не можеме да ја водиме постапката“. Родителите ѝ возвратиле дека и тие не можат без своите деца, по што, на барање на судијката, ја напуштиле судницата за да се смират.Револ

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да стане дозвола за дискотека, вели таткото на загинатата Надица пред обвинетите да се бранат за „Пулс“

„Правдата може да ја одолговлекуваат, ама вистината не“, порача Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова, пред денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, на кое одбраната треба да почне со изведување свои докази и сведоци.Наунов пред почетокот на рочиштето јавно постави повеќе прашања за кои очекува одговор во текот на доказната постапка на одбраната – за пренамената на објектот, паркингот, минимално-техничките услови и лиценцата со која работел објектот.„Денес

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

244 сведоци предложени од одбраната во случајот „Пулс“

Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува со забрзано темпо, без досега да биде одложено ниту едно рочиште. Според најновите податоци од Основниот кривичен суд, досега се одржани вкупно 49 рочишта.Од нив, девет биле одржани во 2025 година, додека во текот на 2026 година се одржани уште 40 рочишта. Податоците беа презентирани од претседателката на судот, Даниела Димовска.Предметот е обемен и поради големиот број докази и лица опфатени со постапката. Досега биле

Македонија | пред 3 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Сведок на судењето против полициските службеници за „Пулс“: Побарал помош, но полицаецот рекол дека тоа не е негова работа

Судењето против полициските службеници и нивни надредени, обвинети во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, продолжи со сведочења на тројца сведоци. На рочиштето присуствуваа и родители на дел од младите кои ги загубија животите во пожарот на 16 март 2025 година.Меѓу сведоците беше и Николче Ефремов, кој ја преживеал трагичната ноќ. Тој пред судот детално раскажа за случувањата во дискотеката откако избувнал пожарот.Ефремов сведочеше дека бил со двајца пријатели во близина н

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања