Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа: „На пазар сме или на судење?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Македонија
media-librarys3droijois4v65fZo5A

Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ беше одбележано со реакции во судницата во „Идризово“, откако одбраната се откажа од двајца претходно предложени сведоци. Потегот предизвика негодување кај дел од родителите, кои од судската сала прашаа: „На пазар сме или на судење?“

— реклама —

Судијката Дијана Груевска-Илиевска порача дека одбраната е должна да се погрижи сведоците што ги предложила да бидат присутни на рочиштето. Таа нагласи дека, доколку не се откажале од нив, можела да нареди нивно доведување со полициска придружба.

— реклама —

„Вие да не ги повлечевте, јас со полиција ќе ги донесев, имам право за тоа“, изјави Груевска-Илиевска.

Судијката направи споредба со постапувањето на Обвинителството, кое ги обезбедувало сведоците при изведувањето на своите докази, посочувајќи дека истата обврска ја има и одбраната.

— реклама —

Одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко објасни дека дел од лицата предложени за сведоци не сакаат да дојдат и да сведочат во постапката.

— реклама —

На денешното рочиште требаше да бидат сослушани Анастасија Соколова, која работела во дискотеката „Пулс“, и Бојан Спасовски, угостител од Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Пиротехника се користела и на претходни настани во дискотеката „Пулс“, сведочеше ќерката на газдата Деко

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
IMG_5515

„Не бараме привилегии ниту однапред донесени пресуди, бараме правдата да биде спроведена врз основа на доказите и законот“, велат родителите на загинатите во „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

media-library6qqmrmabv7bmdavYb0j

Мајка на загинато момче од „Пулс“: „Не ни требаат нови ветувања по нови погреби, туку институции што ќе ги штитат животите“

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања