Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето на деветтемина полициски службеници обвинети за злоупотреби поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште одбраната ги образложуваше своите доказни предлози, меѓу кои се 16 документи и осум сведоци.

— реклама —

Адвокатот Бранко Колев, бранител на обвинетиот Боби Гидиоски, го предложи и сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов – Деко, за сведок. Тој треба да се изјасни за наводите на обвинителството дека на Јованов му била овозможена имотна корист преку плата што ја примал како вработен во период од шест месеци.

— реклама —

Дел од предложените документи се однесуваат на работењето на МВР и СВР Штип, а други на информација за проблемите во дискотеката „Пулс“, за која одбраната тврди дека била прикриена од Гидиоски во периодот кога бил началник на СВР Штип.

— реклама —

Јавната обвинителка Спасенка Андонова најави дека на следното рочиште ќе се произнесе одделно за секој од доказните предлози на одбраната. Судот одлучи расправата да продолжи утре во 12 часот.

Деветтемина полициски службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување поради наводни пропусти при проверките и издавањето согласности за работа на дискотеката „Пулс“. Според обвинителството, тие не ги извршиле целосно потребните проверки за исполнување на безбедносните и законските услови, со што му овозможиле на објектот да добие и да користи лиценца. Обвинетите претходно се изјасниле дека не се чувствуваат виновни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Вештакот на одбраната за „Пулс“ тврди дека објектот ги исполнувал основните минимални технички услови за угостителска дејност – кабаре

Македонија | пред 6 дена

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Двајца или тројца луѓе биле потребни за да се извлече едно лице од дискотеката, сведочеше пожарникар за трагедијата во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

IMG_5515

„И Бурџ Калифа ќе испадне занаетчиска работа!“ – родителите на загинатите во „Пулс“ револтирани од вештачењето претставено во судот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања