Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Клековски: Извршени 16 операции на повредените во Кочани со помош на израелски хирурзи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Македонија
media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Грижата за повредените во трагедијата во Кочани продолжува и по завршувањето на болничкото лекување, а во рамките на соработката со израелскиот медицински центар „Шеба“ досега се извршени 16 операции, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

— реклама —

На денешната прес-конференција, Клековски соопшти дека израелските хирурзи од медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив, заедно со македонските медицински тимови, извршиле и 24 специјалистички прегледи на повредените.

— реклама —

Интервенциите биле насочени главно кон шаките и рацете, со цел враќање на нивната функција, а опфатиле отстранување и корекција на лузни, ослободување на контрактури, Z-пластика и кожни трансплантати со полна дебелина.

— реклама —

На прес-конференцијата учествуваа и д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници при „Шеба“, д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Катерина Мирчовска, директорка на Општата болница во Кочани, како и д-р Гордана Георгиева од работната група на Министерството за здравство.

— реклама —

„Здравствените власти се тука на долги патеки. Грижата за повредените во Кочани не заврши со болничкото лекување. Таа продолжува со операции, контроли и рехабилитација“, изјави Клековски, заблагодарувајќи им се на израелските лекари за нивната поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски најави реформи во здравството: Повеќе лекови, обновени болници и реформа на итната помош

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library11695ido54t4e3J38oF

Македонија подготвува нов Закон за лекови, целта е усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 1 ден

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски: Новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест мора да се воведат безбедно и одржливо

Македонија | пред 2 дена

media-librarycqh6qksdg2gn7FhRACX

Министерот Клековски ги претстави здравствените приоритети на Македонија пред меѓународни претставници

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања