Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Клековски: Нападот врз здравствен работник е кривично дело, предвидени се и затворски казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Нападот врз здравствен работник е кривично дело и не може да биде оправдан со никакво недоразбирање или нервоза, порача директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, по физичкиот напад врз лекар и медицинска сестра од Итната медицинска помош во Скопје.

— реклама —

Според неговата објава, нападот се случил во саботата пред поликлиниката „Јане Сандански“, додека медицинските лица ја извршувале својата работна должност.

— реклама —

Клековски го осуди насилството и потсети дека Законот за здравствената заштита предвидува затворска казна до три години за напад и закана врз здравствен работник, од шест месеци до пет години доколку има телесна повреда, а од една до десет години за тешка телесна повреда. Едно лице веќе е приведено, а тој очекува МВР и обвинителството целосно да го документираат случајот.

— реклама —

Тој најави дека Министерството ќе разговара со здравствените установи и синдикатите за конкретни мерки за поголема безбедност на екипите на Итната медицинска помош, кои често работат сами и во особено тешки околности.

— реклама —

„Нема здравствен систем без нивна заштита“, порача Клековски, посакувајќи им брзо закрепнување на нападнатите здравствени работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Левица: Пациентите остануваат без лекови додека Клековски тендерира

Македонија | пред 35 минути

— реклама —
media-library1ddtkaarpg8r2SXC7II

Од јануари мамографија во Делчево, пациентките нема да мора да патуваат во Кочани

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc2e6fk0mar0m3ltDNfE

Македонија и Турција потпишаа петгодишен протокол за соработка во здравството

Македонија | пред 2 дена

media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Неонаталната смртност во Македонија намалена за 87 отсто: Предвремено родените бебиња имаат поголеми шанси за живот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања