Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Од јануари мамографија во Делчево, пациентките нема да мора да патуваат во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Македонија
media-library1ddtkaarpg8r2SXC7II

Од јануари 2027 година во Здравствениот дом во Делчево треба да започне со работа мамограф, со што пациентките од овој град и од соседните општини ќе можат да ја добиваат услугата без да патуваат во Кочани.

Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при посетата на Делчево, каде што информираше и за новите вработувања и медицинската опрема во здравствената установа.

— реклама —

Според него, реализирани се 17 вработувања, меѓу кои осум доктори, од кои пет во Делчево и три во Македонска Каменица.

— реклама —

„Во реализацијата спаѓаат и двете нови амбулантни возила за итната медицинска помош, а во она што ќе се реализира околу Нова година, јануари, е поставување и започнување со работа на мамографот“, изјави Клековски.

Тој објасни дека во меѓувреме ќе се спроведе обука на медицинските техничари во Кочани, додека докторката која ќе работи со мамографот веќе има искуство со вакви прегледи.

— реклама —

„Од јануари 2027 година во Делчево ќе биде достапна мамографија и ќе нема потреба да се патува во Кочани. Оваа услуга ќе биде достапна секако и на жителите на соседните општини“, рече министерот.

— реклама —

Клековски најави и дополнително унапредување на радиодијагностиката преку дигитализација на рендгенот, со што треба да се олесни размената на медицински информации со другите здравствени установи.

Според него, целта е што поголем дел од здравствените услуги да бидат достапни во местото на живеење на пациентите, наместо тие да бидат принудени да патуваат во поголемите регионални центри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryc2e6fk0mar0m3ltDNfE

Македонија и Турција потпишаа петгодишен протокол за соработка во здравството

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Неонаталната смртност во Македонија намалена за 87 отсто: Предвремено родените бебиња имаат поголеми шанси за живот

Македонија | пред 5 дена

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Бесплатни ПСА-тестирања за мажите, Клековски повика на поголема грижа за здравјето

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya7a0j1vhb3rffNJsGBx

Клековски: Нова опрема и подобри услови за пациентите – над 40 милиони денари инвестиции во „Св. Пантелејмон“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања