Промени тема
Контакт

КЛЕКОВСКИ

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски: Извршени 16 операции на повредените во Кочани со помош на израелски хирурзи

Грижата за повредените во трагедијата во Кочани продолжува и по завршувањето на болничкото лекување, а во рамките на соработката со израелскиот медицински центар „Шеба“ досега се извршени 16 операции, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.На денешната прес-конференција, Клековски соопшти дека израелските хирурзи од медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив, заедно со македонските медицински тимови, извршиле и 24 специјалистички прегледи на повредените.Интервенциите биле насочени главно

Македонија | пред 3 дена

media-library0d26hluuisg90UV0d9S

Нема да има присилни мерки за вакцинација против морбили, Клековски смета дека тоа може да даде спротивен ефект

Присилна вакцинација против морбили нема да се спроведува, бидејќи таквиот пристап може да даде спротивен ефект, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој ги повика родителите да ги вакцинираат децата со МРП-вакцината, особено во услови кога во Македонија се регистрирани пет случаи на морбили, од кои три кај бебиња.„Нема да правиме акција со присилни мерки за да се вакцинираат децата со МРП-вакцината, бидејќи во минатото се покажа дека присилните мерки во одредена мера се контрапродукти

Македонија | пред 4 дена

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски најави реформи во здравството: Повеќе лекови, обновени болници и реформа на итната помош

Подобрување на пристапот до лекови, реорганизација на итната медицинска помош, модернизација на болниците и воведување дигитални здравствени услуги се меѓу приоритетите на Министерството за здравство. За досегашните активности и идните проекти на прес-конференција информираше министерот Сашо Клековски.Тој соопшти дека новата есенцијална листа содржи 392 лека, од кои 193 се нововклучени. Терапија со ЦФ-модулатори примаат 126 пациенти со цистична фиброза, за разлика од 2021 година, кога биле лекув

Македонија | пред 4 дена

media-library11695ido54t4e3J38oF

Македонија подготвува нов Закон за лекови, целта е усогласување со европските стандарди

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови. Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка.Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати.Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон

Македонија | пред 5 дена

media-librarynp3eitskmlv75n79jYx

Петти случај на морбили во Македонија, Клековски апелира децата со симптоми да не одат во градинка или училиште

Во Македонија е потврден петти случај на морбили, овојпат кај едноиполгодишно бебе, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Досега болеста е регистрирана кај три бебиња, еден 45-годишен маж и еден државјанин на Косово.Клековски информираше дека постои прелиминарна поврзаност меѓу случајот кај странскиот државјанин и трите домашни случаи, но конечната потврда ќе следува по епидемиолошката анализа на Институтот за јавно здравје.Министерот ги повика граѓаните да проверат дали примиле две до

Македонија | пред 5 дена

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски: Новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест мора да се воведат безбедно и одржливо

Воведувањето нови терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест во Македонија бара внимателна подготовка, обучени медицински тимови и долгорочно следење на пациентите, порача министерот за здравство Сашо Клековски на панел-дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, одржана во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.На средбата невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за

Македонија | пред 6 дена

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Над 66 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип, има доволно вакцини за сите, уверува Клековски

Министерот за здравство Сашо Клековски уверува дека има доволно вакцини против сезонски грип за сите пријавени граѓани и ги повика да имаат трпение додека не ги добијат термините за вакцинација.„Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна“, изјави Клековски.Од почетокот на кампањата, на 14 октомври, се пријавиле 66.821 граѓанин

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycqh6qksdg2gn7FhRACX

Министерот Клековски ги претстави здравствените приоритети на Македонија пред меѓународни претставници

Министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе средби со меѓународни здравствени претставници на маргините на 76. седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.На средбата со чешкиот министер за здравство Адам Војтјех биле разгледани можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Клековски се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил здравствените приоритети на Македонија.Тој разговарал и со Флоренс Бау

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhibeda9o8gapdlfxj9l

Клековски на состанок на СЗО: Македонија ќе инвестира во превенција и дигитализација на здравството

Министерот за здравство, Сашо Клековски учествува на 76. седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа во Копенхаген. На седницата, министрите за здравство од земјите од eвропскиот регион разгледуваа повеќе извештаи и предлози за идната работа на СЗО. Свои програми претставија и шестемина кандидати за нов генерален директор на организацијата.Во своето обраќање, министерот Клековски истакна дека предизвиците со кои се соочува нашата земја се заеднички за целиот р

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска на Универзитетската клиника за урологија ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител.При посетата, министерот Клековски беше придружуван од националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска, директорот на Универзитетската клиника за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Универзитетската клиника за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски.„Најголемата бл

Македонија | пред 2 седмици

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека се усогласени ставовите со Министерството за здравство околу потребата од изградба на нов клинички центар во Скопје.На прашањето дали е постигната согласност со Министерството, кое претходно оцени дека наместо нов клинички центар е подобро да се подобри организацијата на постојните болници и здравствени установи, Мицкоски кратко одговори: „Да, ги усогласивме“.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9rhel10svh4u4VW869B

„Случајот со Ива Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата“, рече Клековски по посетата на Софија

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека со бугарската министерка за здравство постигнале премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е здравствено, туку правно прашање.„Во основа, постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива Михаилова не е здравствено прашање, туку прашање од областа на правдата, бидејќи лицето е бегалец од правдата и се бара со меѓународна потерница. Бидејќи тоа е прашање на правдата, а не здравствено прашање, не го разгледувавме“, рече министе

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytcckb61h292c8J4Zmw4

Клековски се сретна со повредените во „Пулс“, најавена долгорочна здравствена грижа

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа во Кочани разговарал со повредените во пожарот во „Пулс“ за нивната здравствена состојба и за понатамошната грижа и лекување што им се потребни по трагедијата од минатата година.Клековски за средбата информираше преку својот официјален профил на Фејсбук, посочувајќи дека државата е подготвена да им помага на повредените и во подолг временски период.На разговорот присуствувале и д-р Катерина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, членки на работната група

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl0f52n0hq62d8iTpBLq

Клековски во Софија размени искуства за рано откривање здравствени состојби кај новороденчињата

Министерот за здравство Сашо Клековски, во рамки на посетата на Софија, го посети Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде што се запозна со работата на установата и современите пристапи во грижата за мајките и новороденчињата.За време на посетата, Клековски разговараше со медицинските тимови и размени искуства за можностите за унапредување на соработката, особено во областа на неонаталниот скрининг и раното откривање здравствени состојби кај новороденчињата.„М

Македонија | пред 2 седмици

media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Министрите за здравство на Македонија и Бугарија, Сашо Клековски и Катја Ивкова, денеска во Софија потпишаа план за соработка меѓу двете министерства за периодот од 2026 до 2028 година.Со договорот се предвидува зајакнување на соработката во здравството и медицинските науки, преку размена на информации и искуства, специјалистички обуки, учество на научни и медицински настани, како и реализација на заеднички научни и практични проекти, курсеви и семинари.Приоритетни области ќе бидат примарната и

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 21 октомври, приоритет ќе имаат ризичните групи

Вакцинацијата против сезонски грип се очекува да започне в среда, на 21 октомври, а приоритет ќе имаат најризичните категории граѓани, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.Тој информираше дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок на кој биле утврдени приоритетите за спроведување на вакцинацијата. Според проценките, со дневна динамика од околу 1.000 вакцинации ќе се стигне до 15 ноември, кога се очекува да пристигне втората количина вакцини.„Приоритет прво имаат возрасните

Македонија | пред 3 седмици

media-library59qg8p3jt43ccqBHZgW

За првпат во Македонија, онколошката грижа на највисоко институционално ниво

Подобра достапност на терапијата, пократко чекање и организирана национална мрежа за лекување се меѓу приоритетите што беа отворени на работилницата за иднината на онколошката грижа во Македонија, организирана од Министерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО во Свечената сала на Владата.На настанот, насловен „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“, заеднички седнаа претставници на Владата, здравствените установи, академската зае

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryq8calfmrg7tcbzvUDCm

Клековски во Белград договорил соработка со српските здравствени установи

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска престојуваше во работна посета на Белград, каде што се сретна со српскиот министер за здравство, д-р Златибор Лончар, и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија.На средбата со Лончар, Клековски се заблагодари за помошта што Србија ја пружи уште во првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговараа и за продолжување на лекувањето на повредените од Кочани во српските здравствени установи, согласно претходната иницијатива.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryidv83ot3nmq5dtt2nL5

(Фото) Македонија светна во зелено за надеж и нов живот, Клековски: Секој донор е надеж

Објекти во повеќе градови низ Македонија светнаа во зелено по повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки. За иницијативата информираше министерот за здравство Сашо Клековски, кој порача дека зелената боја е симбол на надеж, солидарност и нов живот.Во објавата, Клековски посочи дека зградата на Владата и објекти во Скопје, Прилеп, Струга, Велес, Тетово, Кавадарци и други градови се приклучиле кон иницијативата.Тој им оддаде почит на донорите и нивните семејства, на живите дарители,

Македонија | пред 4 седмици

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

Вакцинацијата против грип треба да започне во втората половина на октомври

Обезбедени или во постапка се 56.000 од планираните 80.000 дози вакцини против грип, а целта е вакцинацијата да започне во истиот период како и претходните години, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.Како што посочи Клековски, Светската здравствена организација годинава ги промени сите три соја на вирусот на грип, што, според него, е ретка појава и довело до доцнење во производството на вакцините во повеќе земји.Тој информираше дека тендерот во Македонија останал без понудувач, но

Македонија | пред 1 месец

media-librarybk2pgsjtf19e4hf8Zwp

Спорните серии на БСЖ вакцината се искористени до јуни, нема документирани несакани ефекти, тврди Клековски

Вакцинацијата со БСЖ вакцината ќе продолжи непрекинато, а Министерството за здравство во соработка со УНИЦЕФ ќе обезбеди понатамошна достапност на вакцината, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.Во изјава за медиумите, Клековски посочи дека станува збор за сериите на БСЖ вакцината со број 6831 од 22 декември 2022 година и серија 807-1 од 11 декември 2023 година. Според него, двете серии биле целосно искористени до летото годинава.„Во нашата држава нема документирани несакани ефекти

Македонија | пред 1 месец

media-library0d26hluuisg90UV0d9S

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно, се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во Македонија, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале од ова заболување, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Паркот кај Школка, во организација на ХЕМА-ОНКО.Клековски истакна дека подигнувањето на свеста за ракот на дојка останува приоритет, а особено важно е болеста да се открие навреме.Како еден од главните проблеми ја посочи скрининг-програмата за рак на дојка, ко

Македонија | пред 1 месец

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Општата болница во Кичево, каде заедно со директорката д-р Маја Цветаноска Трајковска и градоначалникот Александар Јовановски говореа за развојот на установата, новата опрема и плановите за изградба на нова болница.Клековски истакна дека изградбата на нова болница останува цел, но дека подобрувањето на здравствените услуги во Кичево не може да се одложува до реализацијата на тој проект.„Новата болница е наша цел и активно работиме на реали

Македонија | пред 1 месец

media-librarylhfa9snqdh620aUpTrp

Василевски гладува пред факултетот, Клековски го упати кон друг оглас: Ако ги исполнува условите, ќе биде примен

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека е запознаен со случајот на д-р Дарко Василевски, кој од денеска штрајкува со глад пред Медицинскиот факултет во Скопје поради, како што тврди, дискриминација и нетранспарентност при вработување. Сепак, Клековски посочува дека Министерството за здравство нема надлежност да постапува за вработувањата на Медицинскиот факултет.Изјавата доаѓа откако Василевски, по 15 дена во кои, како што вели, не добил одговор на неговите барања, постави шатор пред Де

Македонија | пред 1 месец

media-library59qg8p3jt43ccqBHZgW

За првпат терапија за цистична фиброза добиваат пациенти од 2-годишна возраст и лица со различни генетски мутации кои претходно не се лекувале

Бројот на пациенти со цистична фиброза кои ја добиваат терапијата во Македонија пораснал од три случаи во 2021 година на 126 во 2026 година, истакна министерот за здравство Сашо Клековски.„Од почетните напори за дијагностицирање и генетска дијагностика пред девет години, до првото воведување на терапијата во 2021 година со три случаи, стигнавме до 126 во 2026 година“, рече Клековски.Тој посочи дека сега се вклучени сите медицински оправдани случаи од двегодишна возраст нагоре. Претходно терапија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања