Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нема да има присилни мерки за вакцинација против морбили, Клековски смета дека тоа може да даде спротивен ефект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library0d26hluuisg90UV0d9S

Присилна вакцинација против морбили нема да се спроведува, бидејќи таквиот пристап може да даде спротивен ефект, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој ги повика родителите да ги вакцинираат децата со МРП-вакцината, особено во услови кога во Македонија се регистрирани пет случаи на морбили, од кои три кај бебиња.

— реклама —

„Нема да правиме акција со присилни мерки за да се вакцинираат децата со МРП-вакцината, бидејќи во минатото се покажа дека присилните мерки во одредена мера се контрапродуктивни“, изјави Клековски.

— реклама —

Најновиот случај беше потврден во вторникот кај едноиполгодишно дете. Досега заболеле три бебиња, еден 45-годишен маж и едно лице од Косово. Опфатот со вакцинација против морбили во земјава изнесува 62 отсто.

Во врска со законската обврска за вакцинација и забраната за прием во градинки на невакцинирани деца, министерот посочи дека оваа мерка и во минатото се заобиколувала.

— реклама —

Клековски апелираше лицата кои имаат симптоми да не одат директно во здравствените установи, туку најпрво телефонски да контактираат со својот лекар, со цел да се намали можноста за ширење на вирусот во чекалните.

— реклама —

Тој информираше дека во моментов нема хоспитализирани пациенти, но веќе се дадени насоки за подготовка на една клиничка болница за прием на бебиња, како најранлива група. За возрасните пациенти соодветна установа е Клиниката за инфективни болести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1a5f45ubap242imkjSY

Само 62 отсто од населението е вакцинирано против морбили – ИЈЗ предупредува на нова епидемија

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarynp3eitskmlv75n79jYx

Петти случај на морбили во Македонија, Клековски апелира децата со симптоми да не одат во градинка или училиште

Македонија | пред 1 ден

media-library1a5f45ubap242imkjSY

Четири потврдени случаи на морбили во Македонија

Македонија | пред 2 дена

media-librarycmfero3caaa638E3h2Q

Опасност од нова епидемија на морбили, Клековски алармира: Само 62% од децата се вакцинирани

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања