Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Министерот Клековски ги претстави здравствените приоритети на Македонија пред меѓународни претставници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycqh6qksdg2gn7FhRACX

Министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе средби со меѓународни здравствени претставници на маргините на 76. седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.

— реклама —

На средбата со чешкиот министер за здравство Адам Војтјех биле разгледани можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Клековски се заблагодарил за поддршката од Чешка по трагедијата во Кочани и ги претставил здравствените приоритети на Македонија.

— реклама —

Тој разговарал и со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија, за демографските предизвици во регионот. Остварил средба и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија.

— реклама —

Во рамките на посетата, Клековски се сретнал и со двајца кандидати за генерален директор на СЗО – д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, и д-р Ханан Ал-Кувари, поранешна министерка за јавно здравје на Катар.

На средбите, министерот ги претставил приоритетите на Македонија и ја нагласил потребата од силна поддршка од СЗО за земјите во европскиот регион. На разговорите присуствувал и амбасадорот на Македонија во Данска, Фадил Зендели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarytcckb61h292c8J4Zmw4

Клековски се сретна со повредените во „Пулс“, најавена долгорочна здравствена грижа

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl0f52n0hq62d8iTpBLq

Клековски во Софија размени искуства за рано откривање здравствени состојби кај новороденчињата

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 21 октомври, приоритет ќе имаат ризичните групи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања