Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Клековски: Нова опрема и подобри услови за пациентите – над 40 милиони денари инвестиции во „Св. Пантелејмон“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Македонија
media-librarya7a0j1vhb3rffNJsGBx

Во Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Македонија во текот на 2025 и 2026 година се вложени над 40 милиони денари за набавка на нова опрема и подобрување на условите за пациентите и вработените, соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, по денешната посета на установата.

— реклама —

Според Клековски, инвестициите се реализирани со поддршка од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, како и со соодветно раководење со клиниката.

Меѓу значајните подобрувања е реновирањето на ординацијата за стоматолошки интервенции под општа анестезија, наменета за деца и лица со попреченост, деца кои не можат да соработуваат при интервенциите и пациенти со изразен страв од стоматолошки третман.

— реклама —

Во оваа ординација се лекуваат пациенти од целата држава, а според Клековски, следниот чекор е децентрализација на услугата за третманите да бидат подостапни и поблиску до пациентите.

— реклама —

За закажување термин граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 075 435 445, во работните денови од 08:00 до 14:00 часот.

Дополнително, фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата „Зегин“ донирале опрема во вредност од околу 800.000 денари.

— реклама —

Клековски истакна дека соработката меѓу јавните здравствени установи, деловниот и граѓанскиот сектор придонесува за подобри здравствени услуги и поголема грижа за пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt1qd5k37q0gsaAmFeZX

Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски: Извршени 16 операции на повредените во Кочани со помош на израелски хирурзи

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски најави реформи во здравството: Повеќе лекови, обновени болници и реформа на итната помош

Македонија | пред 1 седмица

media-library11695ido54t4e3J38oF

Македонија подготвува нов Закон за лекови, целта е усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања