Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Над 66 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип, има доволно вакцини за сите, уверува Клековски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
korona-kovid-vakcina-vakcinacija
Илустрација

Министерот за здравство Сашо Клековски уверува дека има доволно вакцини против сезонски грип за сите пријавени граѓани и ги повика да имаат трпение додека не ги добијат термините за вакцинација.

— реклама —

„Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна“, изјави Клековски.

— реклама —

Од почетокот на кампањата, на 14 октомври, се пријавиле 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. Најголем дел се лица постари од 65 години, а по нив следуваат хронично болните. Најмногу пријави има во Скопје – 19.767, потоа во Битола – 4.845, Прилеп – 3.844, Струмица – 3.585 и Тетово – 3.581.

Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани. Во последните три работни дена биле вакцинирани по околу 1.000 лица дневно.

— реклама —

Според Министерството за здравство, реализирани се 86,7 отсто од термините што веќе поминале, додека 503 граѓани не се појавиле на закажаната вакцинација. Од Министерството апелираат граѓаните што не можат да дојдат да го откажат терминот за да може да биде доделен на друг пријавен.

Од оваа недела, тимови од здравствените домови започнале со вакцинација во домовите за стари лица, а од следната недела ќе вакцинираат и во центрите за дијализа. Воедно, започнува нова група закажувања, со што дневниот капацитет треба да се зголеми на околу 1.700 вакцинации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Над 55 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против грип, над 60 отсто од пријавените се постари од 65 години

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип

Македонија | пред 1 седмица

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Првите 30.000 вакцини против грип пристигнаа во Македонија, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври

Македонија | пред 2 седмици

vakcina-vakcinacija-7

Првиот пациент од Србија прима руска персонализирана вакцина против рак: Пет месеци болнички третман во Москва

Магазин | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања